24 август 2010

Хотел Македонија

Објектот на Хотел Македонија го завршив релативно брзо, а да не беа огромните горештини можеби можеше да биде готов и побрзо. Сметам дека конечниот изглед реално ја отсликува запуштеноста на објектот. За жал и тој објект се наоѓа во низата на Широк Сокак, и и тој ќе си добие место во Google Earth.

Ова беше четврт објект на Широк Сокак, а се надевам дека до Нова Година ќе успеам да нацртам барем уште три пати по толку од оваа страна на Корзото.

Еве како испадна:

Photobucket

Photobucket

Photobucket



И за крај, еден неизоставлив детал за разлика од многубројните реклами со кои е нашарана зградава кои намерно не ги вметнав:


Photobucket

20 август 2010

Ин, Краш, DHL и Васидора

После голем одмор од работа поради неверојатните горештини, штотуку го завршив моделот на Ин, Краш, DHL и Васидора, па еве како излезе:

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Следен објект на ред во редицава е Хотел Македонија.

4 август 2010

Порта Џез, Симбол, Малиот Принц и ОК

После вчерашниот модел на католичката црква, денес решив да тргнам со ред и да почнам да го правам цел Широк Сокак. Следна мета беше објектот веднаш до католичката црква во кој се сместени кафулињата Порта Џез и Симбол, како и интернет кафето ОК и школата за странски јазици и компјутери Малиот Принц.

Еве како излезе:

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Католичка црква „Пресвето Срце Исусово“

Вчера беше подигнат моделот на католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ и се чека на одобрување од тимот на Google. Со таа црква всушност започна моделирањето на целиот Широк Сокак. Еве неколку слики од екранот:

Photobucket

Photobucket

Photobucket

1 август 2010

Воени кули на улица Партизанска

Вчера ги подигнав двете воени кули на ул. Партизанска спроти поранешната касарна. Моделите се воглавно исти, со таа разлика што кулата со адреса ул. Партизанска бр. 22 има балкони од двете страни, додека пак кулата со адреса ул. Партизанска бр. 20 нема. Исто така, натписите над влезовите се различни. Еве како тоа изгледа во Google Earth:

Photobucket

Photobucket

Еве два рендера од кулата со адреса ул. Партизанска бр. 22. Едниот рендер е од влезот на кулата, а другиот е од целата кула.

ВНИМАНИЕ: Сликите се тешки по 7 MB, па сите со послаба врска да не кликаат на нив.


Photobucket


Photobucket


*рендерите се направени со помош на Podium приклучокот (plugin) за SketchUp.



Магаза

Два рендера од Магазата во Битола.

ВНИМАНИЕ: Сликите се над 5 MB, па сите вие со послаба интернет врска не кликајте на нив.


Photobucket


Photobucket

На паното пишува:

НУ Завод и Музеј - Битола
Магаза

*рендерите се направени со помош на Podium приклучокот (plugin) за SketchUp.

Магнолија

Пред околу 2 недели беше прифатена зградата Магнолија, или подобро кажано зградата на рускиот почесен конзулат, зградата на кафеаната грне, зградата на поранешната австриска библиотека, и на многу други работи.

Еве како тоа изгледа во Google Earth:

Photobucket

Photobucket

Photobucket



А еве и еден рендер од балконот и од оградата чија .png датотека (file) рачно ја нацртав и е идентична со таа на самиот објект.

ВНИМАНИЕ: Сликата зафаќа 8 MB, па за тие со послаба врска не препорачувам кликање на неа.


Photobucket


*рендерот е направен со помош на Podium приклучокот (plugin) за SketchUp.

Јарбол во градскиот парк

Овој модел беше прифатен пред околу две недели, и иако е физички ситен (барем во Google Earth), сепак е многу вреден, и затоа решив да постирам рендери од јарболот висок 24,5 метри, со знаме со димензии осум на четири метри:

ВНИМАНИЕ: Сликите се големи по 6,5 MB, па за тие со послаба врска не препорачувам кликање на сликите.

Photobucket


Photobucket


Бонус: Еве како тоа изгледа во Скопје покрај камениот мост (исто така мое дело):


Photobucket


За колекцијата со сите јарболи низ нашата држава моментално поставени во Google Earth, следете ја следнава врска:

http://sketchup.google.com/3dwarehouse/cldetails?mid=8027c2bdf28795a8fcd938f1dee0ef9b

----------------

НАПОМЕНА: Доколку јазикот избран во 3D warehouse ви е англиски, тогаш сите имиња на моделите и колекциите ќе ви се прикажуваат на англиски. Доколку изберете некој друг јазик, тогаш сите имиња ќе бидат на македонски (за жал македонскиот како јазик за интерфејсот моментално не е достапен).

Стадион под Тумбе Кафе

Штотуку беше прифатен стадионот под Тумбе Кафе од страна на Google 3D Warehouse тимот, и веќе се прикажува во Google Earth. Поради големината на текстурите (заборавив да ги компресирам), го поделив моделот на две датотеки.


Еве неколку слики од екранот (screenshots) од Google Earth:

Photobucket

Photobucket

Photobucket




А еве неколку рендери од двете трибини

ВНИМАНИЕ: Сликите се по околу 8 ΜΒ секоја, па на тие со послаба врска не им препорачувам да кликаат на сликите :

Photobucket


Photobucket

Photobucket

Photobucket


*рендерите се правени со помош на Podium приклучокот (plugin) за SketchUp.